МЗТ Скопје дел од сопственичкиот пакет на АБА лигата

На состанокот на претставниците на клубовите од АБА лигата со претставници на раководството во Љубљана, едногласно е усвоен нацрт на новиот договор на регионалното натпреварување, пишува Екипа.

Новиот договор подразбира промена на сопственичката структура на компанијата АБА Сидро доо. На иницијатива на клубовите, според нацртот на договорот, мнозинскиот дел (80%) на сопственичките и управувачки права се наоѓаат во сопственост на клубовите. Тоа значи дека нашиот актуелен првак МЗТ Скопје отсега е дел од сопственичката структура на АБА лигата.

На состанокот присуствуваа девет клуба од АБА лигата (Игокеа, МЗТ Скопје, Крка, Задар, Унион Олимпија, Цибона, Цедевита, Будуќност и Партизан), а поради обврски во домашното првенство отсутни беа Црвена Звезда, Металац и Мега Лекс. Договорот е потпишан од страна на сите присутни клубови.