Спорт

МЗТ Скопје го чека Работнички во финалето на Купот на Македонија

МЗТ Скопје го чека Работнички во финалето на Купот на Македонија

Со ждрепка во СЦ Борис Трајковски денеска беа извлечени четвртфиналните двојки во Купот на Македонија, кој од 6 до 9 февруари ќе се игра во салата “Билјанини извори” во Охрид.

Интересно е што ждрепката сакаше бранителот на титулата МЗТ Скопје Аеродром и најтрофејниот македонски клуб Работнички, да може да се сретнат само во финалето.

Во четвртфиналето МЗТ скопје ќе игра прoтив Струмица, додека Работнички ќе ги одмери силите со Куманово.

„Можам да кажам дека ни се падна најтешкиот противник од четирите можни во четвртфиналето. Сите знаеме дека Куманово игра одлична кошарка, достојно ја претставува Македонија во БИБЛ-лигата. Ние не би биле сериозен клуб ако не одиме на победа на секој меч, истото ќе биде и овојпат. Работнички има сериозни амбиции во купотнаМакедонија и се надевам дека ќе дотуркаме далеку“ изјави тренерот на тимот од Градски Парк, Емил Рајковиќ.

Четвртфинале (6 и 7 февруари)
(1) МЗТ Скопје – Струмица (17.30 ч.)
(2) Кожув – Фени И. (20 ч.)
(3) Работнички – Куманово (17.30 ч.)
(4) Лирија – К. Соколи (20 ч.)
Полуфинале (8 февруари)
(5) Победник 1 – Победник 2 (17.30 ч.)
(6) Победник 3 – Победник 4 (20 ч.)

Финале (9 февруари)
Победник 5 – Победник 6 (17.30 ч.)