Спорт

МЗТ Скопје го освои пехарот во Купот на Македонија

МЗТ Скопје го освои пехарот во Купот на Македонија

Кошаркарите МЗТ Скопје Аеродром уште еднаш ја потврдија доминација во Купот на Македонија, откако по трет пат во низа го освоија пехарот во ова натпреварување. Пред две години беа подобри од Фени индустри, лани од Куманово, а сезонава „металците“ го одбранија трофејот  во меч против Лирија, кој го добија со 76:73.

Гечевски со 16 и Чековски со 15 поени беа најпрецизни кај МЗТ, Маринковиќ оствари дабл-дабл од 14 поени и 12 скокови, а 14 поени постигна Кејд Дејвис. Кај Лирија најефикасни во ова финале беа Трајковски со 16 и Колс со 11 постигнати поени.