МЗТ Скопје го повика Работнички да не брза со носење на негативни одлуки

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром, по добивањето на нивниот одговор од страна на Работнички, вечното дерби да се игра во СЦ „Борис Трајковски” објави уште едно соопштение.

„МЗТ Скопј жали што Работнички негативно одговори на нашата иницијатива двете средби од Суперлигата да се одиграат во најголемата сала во Република Македонија, која во овој момент може да понуди одлични услови за едно дерби. Доколку натпреварот се игра во салата во Градскиот Парк, мечот би можеле да го следат околу 1.200 гледачи, за разлика од еден дерби дуел во СЦ “Борис Трајковски” каде би бил проследен од преку 7.000 љубители на кошарката и верни навивачи на двата клуба.

Ги повикуваме одговорните лица во КК Работнички уште еднаш да размислат и да не брзаат со носење на негативни одлуки, со кои би им се скратила можноста на голем број кошаркарски фанови во живо да можат да ги проследат овие натпревари.

Што се однесува до тоа кој ќе биде надигран, ние оставаме времето да покаже, па нека победи подобриот“, се вели во соопштението на македонскиот шампион.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.