МЗТ Скопје и Лирија во битка за пехарот во Купот на Македонија

Екипите на  МЗТ Сопје и Лирија ѓе ги одмерат силите во денешното финале (17.30 ч) во Купот на Македонија. Бранителот на титулата МЗТ Скопје до финалето стигма откако го совлада незгодниот Кожув со 77:70, додека Лирија  во маратонски натпревар кој  беше прекинат заради  инциденти од навивачите  славеше над Куманово со 81:73

За тимот од Сарај ова е прво финале во Купот на Македонија во кое ќе се обиде да го совлада тимот кој доминира во последните неколку години во македонската кошарка.