МЗТ Скопје ја одбрани титулата, Дамјан Стојановски е МВП

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја продолжија доминацијата во домашното првенство, откако успеаја пот рет пат да се закитат со титулата. Металците славеа во четвртиот натпревар од плејофот против Работнички со 88:79 и со 3:1 победија и ја одбранија титулата. Четврти меч од финалната серија понуди фантастична и крајно интересна кошарка, дуелот беше решен во последните десет минути во кои пресуди искуството и квалитетот на тимот од Аеродром. Работнички уште еднаш покажа карактер и се врати од голема негатива, но избраниците на Рајковиќ овојпат немаа сили да бидат најдобри кога е најпотребно, па беа принудени на крајот да му честитаат на противникот.

Чековски со 21 поен беше најефикасен во таборот на МЗТ, Лучиќ постигна 16 поени, додека Дамјан Стојановски реализираше 13 поени, надополнети со три скока и четири украдени топки. Кај Работнички најпрецизни на оваа средба беа Икониќ со 17 и Колмен и Соколов со по 16 поени.

За најкорисен играч вофиналето (МВП) е прогласен Дамјан Стојановски. Тој беше еден од најзаслужните за победата на својот тим, а во финалната серија постигна  во просек на секој натпревар по 15 поени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.