Спорт

МЗТ Скопје казнет со 22.000, Работнички со 12.000 денари

МЗТ Скопје казнет со 22.000, Работнички со 12.000 денари

Македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје Аеродром и најтрофејниот кошаракрски клуб Работнички, заработија казни заради несодветното однесуање на своите навивачи на дербито од Првата кошаркарска лига во СЦ „Борис Трајковски”

Организаторот на натпреварот МЗТ Скопје  е санкциониран со 22.000 денари, и тоа по 10.000 за фрлање петарди и ладни бомби односно за внесуваwе тврди предмети на паркетот. Управата на „металците“ ќе треба да плати дополнителни 2.000 денари поради неспортското навиваwе на следбениците на клубот од „Јане Сандански“.

Тимот од „Градски парк“, треба да плати двојно помалку во однос на големиот ривал. Црвено-белите се санкционирани со 10.000 денари поради фрлање тврди предмети од делот на трибините каде што беа „Сити парк бојс“, додека дополнителни 2.000 се за нивното неспортско навивање.

Управата на шампионот воедно е опомената во иднина да обезбеди заштитна ограда позади записничката маса.

Казна заработи и КК Куманово со 4.000 денари поради техничките грешки на Ивица Димчевски и на Немања Врањеш, додека Лирија е санкционирана со 2.000 денари поради неспортското навивање на навивачите на овој тим на средбата против кумановци на домашен терен. Техничката грешка, пак, на Даниел Захариевски го чини Пелистер казна од 8.000 денари, бидејќи ваквиот прекршок е трет сезонава за центарот на „пелистерци“.