МЗТ Скопје на убедлив начин ја почна одбраната на титулата

МЗТ Скопје на убедлив начин ја почна одбраната на титулата
МЗТ Скопје на убедлив начин ја почна одбраната на титулата

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром со убедлива победа над Струмица од 100:48 ја почна одбраната на трофејот во македонското кошаркарско првенство, пренесе МИА.

Синоќа во СЦ „Јане Сандански“ најефикасен играч на натпреварот беше Горјан Марковски со 17 поени, Љубомир Младеновски реализира 14, Данило Мијатовиќ 12 поени.

Кај Струмица двоцифрен број поени постигнаа Мико Голубовиќ и Мрѓан Марковиќ – двајцата по 11.

На првите две средби од почетното коло одиграни во саботата:

Кожув – Работнички 88:67 и

Карпош Соколи – Бест 113:62.

Утре играат Фени Индустри – Куманово.