МЗТ Скопје ослабен пред мечот со Цедевита – Луковиќ и Марковски не отпатуваа за Загреб

Актуелниот шампион во Македонија, екипата на МЗТ Скопје, ќе биде значително ослабена на утрешната средба против Цедевита во Хрватска, бидејки клубот од Аеродром соопшти дека во Загреб не патувале со екипата Марко Луковиќ и Горјан Марковски.

Добрата форма на Марко Луковиќ овој период сигурно ќе се смета за голем хендикеп кај „Штрковите“ и за тренерот Јончевски. Доброто е што сепак натпреварот против Цедевита нема некое преголемо значење кога е во прашање резултатот.

Марко Луковиќ не е сериозно повреден и наскоро пак ќе биде на располагање во екипата на МЗТ Скопје. МЗТ Скопје обезбеди опстанок во ова натпреварување, и во последната рунда влегува со скор од 10 победи и 15 порази, па со евентуална победа во Хрватска, би можеле да напредуваат некое место на табелата.