Спорт

МЗТ Скопје по продолжение поразен од Будуќност

МЗТ Скопје по продолжение поразен од Будуќност

Кошаркарите на МЗТ Скопје претрепа нов пораз во АБА лига. Македонскиот шампион во рамките на 16. коло загуби по продолжение на гостувањето кај Будуќност со 87:79 (во регуларниот дел беше 70:70).

Чедомир Витковац со 20 поени, Акиндејл со 19 и Алекса Поповиќ со 15 поени беа најзаслужни за 11-от триумф на Будучност.

Во тимот на МЗТ Скопје, центарскиот двоец Гечевски-Чековски беше најефикасен со 22, односно 17 поени. Двоцифрен скор имаше уште и Стефан Синовец, кој натпреварот го заврши со 12 поени.

“Честитки до моите играчи, некои од нив одиграа над своите можности. Немам што да им замерам, одигравме онака како што се договоривме, но тоа не беше доволно за победа” изјави тренерот Зоран Мартич.

Следниот меч за МЗТ Скопје Аеродром е дуелот против второпласираната Цедевита, кој е закажан за сабота (18.11.2014) во СЦ “Борис Трајковски” со почеток од 17 часот