МЗТ Скопје поразен од фаворитот Цедевита

Прв пораз на домашен терен во АБА лигата за кошаркарите на МЗТ Скопје откако тимот загуби од евролигашот Цедевита со 61:76.

Три четвртини избраниците на тренерот Врбица Стефанов одржуваа резултатска неизвесност, но големиот пад во играта и дванаесете постигнати поени во последниот период беше главна причина за поразот.

Марко Симоновски со 12 постигнати поени беше најефикасен во домашниот состав, додека Цветковиќ и Класен постигнаа по 9.

Кај Цедевита, Миро Билан со 15 поени и 9 скока беше најдобар играч. Покрај него, Бабиќ со 13 и Делаш со 11 беа останатите со двоцифрен број на постигнати поени.

Следен предизвик за екипата на МЗТ Скопје Аеродром е градското дерби со тимот на Работнички кое се игра во среда (05.11) од 18.30ч, додека следниот настап во АБА лигата е дуелот против Партизан кој се игра во сабота (11.11) со почеток од 21.00ч.