МЗТ Скопје рутински ја совлада Лирија, жесток инцидент меѓу навивачите

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје – Аеродром го задржа победничкиот ритам во Суперлигата. Избраниците на тренерот Зоран Мартич во 5. коло на домашен терен го совладаа тимот на Лирија со 90:71

Најефикасен во победничкиот тим беше Кејд Дејвис со 16 поени, а исто тлку постигна и ветеранот Ѓорѓи Чековски. Гечевски уфрли 12, додека Цветковиќ и Дамјан Стојановски натпреварот го завршија со 11 односно 10 поени.

Овој натпревар беше 20 минути во прекин поради инцидентот на навивачите на двата клуба.  Инцидентот се случи зад клупите на двата тима по што мораше да интервенира полицијата. Навивачите на МЗТ Скопје  за време на инцидентот протестираа заради тоа што еден од противничките навивачи бил изваден нож. Ова наводно било причина за инцидентот  меѓу навивачите, а околу 20 навивачи на Лирија беа изнесени од салата , а потоа во СЦ Борис Трајковски  не влегоа уште околу 200 навивачи на тимот од Сарај, кои се обидоа да влезат во салата.