МЗТ Скопје со Лирија, Работнички со Кожув во 1/2 финалето на плејофот

Кошаркарите на МЗТ Скопје вторпат сезонава ја совладаа Лирија, овојпат со 78:63 како гости во СРЦ „Кале“, па со максимални десет победи ја завршија Супер лигата и од пол-позицијата влегуваат во плејофот.

Место во плејофот има и за поразената Лирија, кој има скор од пет победи и порази, исто колку и Работнички, Кожув и Куманово. Но, тимот од Куманово е последен во кругот и нема да разигруваат за титулата, иако славеа над Струмица со 72:59.

Лирија е ривалот на МЗТ во полуфиналето што се игра во два добиени меча, од кои првиот е веќе в сабота, а во вториот дуел ќе ги одмерат силите Работнички и Кожув.

Капитенот Тодор Гечевски беше најдобар кај „металците“ со 18 поени и седум скока, Ѓорѓи Чековски запиша 15 поени и осум скока, а 15 поени останаа и зад името на Синовец. Дарко Матиќ се издвои кај Лирија со 14 поени, два повеќе од Диме Тасовски.