МЗТ Скопје со пораз го заврши настапот во Еврокупот

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје со пораз ги заврши настапите во Еврокупот. Металците во рамките на 10. коло во Г – група на домашен терен во СЦ “Борис Трајковски” е поразен од рускиот Уникс Казан со 88:62.
Гостите во текот на целиот натпревар беа подобар противник и заслужено си заминаа со целиот плен од овој натпревар. “Металците” беа достоен противник само во првата четвртина, додека во остантиот дел од натпреварот Уникс покажа дека е за класа подобар од македонскиот шампион.
Најефикасни во редовите на МЗТ беа Дамјан Стојановски и Иван Маринковиќ со по 12 поени, додека Гечевски натпреварот го заврши со 10 поени. Во победничкиот тим најмногу се истакнаа Гуделок со 19 и Харангуди со 18 поени.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.