четврток, 23 февруари 2017  |  Вести денес: 53

МЗТ Скопје врза три победи во АБА лигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром остварија голема победа на денешниот пладневен натпревар против Крка со 89:65 во меч од 22.коло од АБА лигата, со што направија огромен исчекор кон опстанок во регионалното натпреварување.

мзт

Поврзани вести

Ова е трета победа по ред за „металците“, а осма вкупно во јадранското друштво која значи и бегство од зоната на најзагрозените кои до крај ќе се борат за избегнување на последното место на табелата.

„Сино-белите“ одиграа одлично прво полувреме, а фантастично второ во кое го обезбедија убедливиот триумф. Значаен е и фактот што денеска македонскиот шампион победи со поголема разлика отколку што загуби во Ново Место (87-97) што значи дека би биле подобри во ситуација ако двете екипи на крајот имаа ист број бодови.

Џош Скот одново беше фантастичен со дабл-дабл ефект од 24 поени и 13 скокови додека одлично одигра и Ксавиер Темс со 16 поени, четири скока и пет асистенции. Ѓорѓе Дреновац заврши со 14, а Шарлон Клоф со 13 поени.

Овој триумф доаѓа во вистински момент и за самодовербата пред завршниот турнир во Купот на Македонија, кој од 17 до 19 февруари ќе се одржи во Кавадарци.

Следниот јадрански предизвик МЗТ ќе го има на 21 февруари кога ќе му гостува на ФМП.

МЗТ Скопје има ефект 8-14 исто како и вториот македонски претставник во АБА лигата и се наоѓаат на делба на 9.место.

Најчитани вести