Ѓоковиќ го освои Вимблдон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои титулата на третиот грен слем турнир Вимблдон, откако во финалето го совлада Швајцарецот Роже Федерер со 6:7, 6:4, 7:6, 5:7, 6:4. Со оваа победа Новак не му дозволи на Федерер да влезе во историјата на Вимблдон со осум титули.

Србинот можеше да победи порано, бидејќИ во четвртиот сет имаше меч топка на сервис на Федерер , но не успеа да ја искористи. Ова е воедно втора титулар на Новак на Вимблдон, претходно тој го подигна пехарот на турнирот во Лондон во 2011 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.