На 116 години почина Гертруд Вивер, најстариот жител на Земјата

Американката Гертруд Вивер, која минатата недела официјално беше прогласена за највозрасен жител на Земјата, почина вчера на 116-годишна возраст во еден дом за стари лица во американската сојузна джава Арканзас.

Вивер, која е родена на 4 јули 1898 година, тврдеше дека причина за нејзината долговчност е добриот однос што го имала кон сите луѓе.

По смртта на Вивер, сега, според податоците на Меѓународната група за гернотолошкоки истражувања, на Земјата живеат само уште три лица родени пред 1900 година.

Најстарата меѓу нив е Џералдин Тали од Детроит, која на 23 идниот месец ќе наполни 116 години. Таа, за разлика од Вивер, смета дека нејзината долговечност се должи на искрената вера во Бога.

Инаку, титулата „најстар жител на Земјата“, Вивер ја носеше само една седмица, откако мината недела почина на 117-годишната Перуанка, Филомена Таипе, која беше родена на 20 декември 1897 година.