На 12 октомври парламентарни избори во Босна

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина ги закажа претстојните параментарни изборни за 12 октомври оваа година.

Право на глас имаат 3.231.000 граѓани, а самата организација на изборите, државата ќе ја чинат 4,5 милиони евра.

Жителите на Федерацијата ќе гласаат за новиот состав на тричленото претседателство, Претставничкиот дом на државниот Парламент, за Собранието на муслиманско-хрватската федерација на БиХ и за парламентите на 10-те кантони, како и за Народното собрание на Република Српска.за Република Српска ќе бидат избрани и нов претседател и двајца потпретседатели.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.