На 127 години почина најстариот жител на светот

Мексиканката Леандра Бесера, која важеше за настариот жител на светот, починала на својата 127-ма година.

Властите не ја прецизирале причината за нејзината смрт.

Нејзиниот внук, Самуел Алвеар (70) изјавил дека Леандра едноставно престанала да дише и додал дека пред неколку месеци имала проблеми со белите дробови.

Леандра е родена на 31 август 1887 година во северозападната мексиканска држава Тамаулипас, а како што соопштија мексиканските власти, починала во четвртокот во својот дом во Сапопану.

Имено, Леандра ги надживеала своите пет деца, а до 2011 година имала 161 потомок.

За нејзиниот 127 роденден ја запрашале која е тајната на долгиот живот, а старицата одговорила дека вистината лежи во три работи: здрава исхрана, квалитетен сон и фактот дека никогаш не се омажила.