На 15 мај завршува рокот за барање субвенции за млеко и несилки

Висината на поддршката е 3,5 денари за литар, а барањата се поднесуваат електронски, во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство.

На 15 мај завршува и рокот за поднесување барања за директни плаќања за несилки внесени во капацитет за производство на јајца во период од октомври до декември 2015 година. Висината на поддршката изнесува 100 денари за купена и внесена несилка во одгледувалиште на кокошки несилки за производство на јајца. Барањата се поднесуваат во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, лично или пошта. Образецот за поднесување на барањата како и потребната документација може да се подигне во Агенцијата или да се преземе од ОВОЈ САЈТ, во полето „Директни плаќања 2016“, „Обрасци“.