На 18-ти август референдум за независност на Шкотска

Шкотите за помалку од 3 недели ќе се изјаснат на историски референдум и ќе одлучат дали Шкотска ќе се одвои од Велика Британија.

Прашањето кое ќе биде на гласачкото ливче ќе гласи: „Дали Шкотска треба да биде независна земја?“.

Право на глас на референдумот кој ќе се одржи на 18 септември ќе имаат сите оние постари од 16 години кои живеат во Шкотска, но не и Шкотите кои живеат во другите делови на Велика Британија и кои се околу 800.000, пренесува Би Би Си.