На 26 декември ќе биде погребан таткото на „калашников“

Погребот на познатиот руски конструктор на оружје Михаил Калашников Тимофеевич, ќе биде одржан на 26 декември во градот Ижевск, соопшти пред „ИТАР- ТАСС“ прес секретарот на претседателот на Удмуртија, Виктнор Чулков.

По долго боледување 95 -годишниот Калашников почина ноќеска во главниот град Удмуртија .

„Михаил Калашников ќе биде погребан на гробиштата во Ижевск. Се очекува на службата да пристигнат луѓе од целиот свет“, изјавил прес секретарот.

Михаил е роден на 10 ноември 1919 година во Алтај. Автор е на системот за автоматско огнено оружје.
Калашников, кој во последните неколку години боледувал од проблеми со срцето, од 17 ноември бил на интензивна нега во Ижевск – каде што се наоѓа фабриката што ја произведува истоимената пушка. Официјалната причина за смртта ќе биде соопштена по задолжителната обдукција.

Поголем дел од својот живот Калашников беше почитуван како неоспорен херој.

Автоматот „калашников“ во официјална употреба е во повеќе од 100 држави во светот, а неговиот конструктор е единствената личност која е истовремено одликувана со признанието Херој на Русија и два пати со признанието Херој на социјалистичката работа.

„Калашников“ се користи во повеќе од 100 земји во светот и влезе во листата на најзначајните пронајдоци на дваесеттиот век.