Свет

На 70 светски лидери ќе му оддадат последна почит на Мандела

На 70 светски лидери ќе му оддадат последна почит на Мандела

Министерството за надворешни работи на Јужна Африка соопшти дека се очекуваат: американскиот претседател Барак Обама, кубанскиот лидер Раул Кастро, претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, францускиот претседател Франсоа Оланд, британскиот премиер Дејвид Камерон, и многу други светски лидери.

Централната церемонија ќе се одржи на Градскиот стадион во Јоханесбург на 15 декември.

Таткото на модерната Јужна Африка, човекот кој беше и ќе остане симбол за борбата за човековите права и слободи почина на петти декември  на 95 годишна возраст.

Неговата порака на помирување, а не одмазда, го инспирираше  светот, откако тој  преговараше за мирен крај на сегрегацијата и и’ прости на „белата влада“ која го смести зад решетки.