Свет

На аеродром во Израел запленети прстени наменети за пропаганда на ИД

На аеродром во Израел запленети прстени наменети за пропаганда на ИД

Цариниците во Израел заплениле 120 прстени за кои што се смета дека биле наменети за пропаганда на ИД, пренесува Раша Тудеј.

На прстените има гравури со арапски пораки, кои се поврзани со ИД, а биле запленети на аедромот Бен Гурион во Израел на пат за Рамалах.

Според цариниците, прстените биле произведени во Турција и требало да бидат испратени до Западниот брег. Пакетот во кој биле спакувани бил сомнителен.

– Се што е испратено за ПАлестинците се проверува поради безбедносни причини, велат од Царината.

Прстените биле спакувани заедно со уште неколку стотици други парчиња накит. Тие се сметаат дека се забранета пропаганда и затоа ќе бидат уништени.