На „Ало докторе“ 1.468 повици за една недела

Линијата е достапна секој ден  24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето. За медицински совет се достапни 25 доктори. Повиците се од сите градови на Македонија.

– Јавувањата  се  за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто   за  покачен крвен притисок, главоболки, настинки,  алергиски реакции, убоди од инсекти, симптомна болка и совети поврзани со хронични болести и состојби предивикани од променливото време. На сите оние лица кои побараа  медицински совет   на телефонската линија  „Ало докторе“ им е дадена   здравствена  помош  со  совет и соодветна симптоматска  терапија, соопштуваат од Здравствен дом Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.