На „Ало докторе“ 317 повици за два дена

Вкупно 317 јавувања во изминативе два дена со пресек до 22 часот имало на телефонската линија „Ало докторе“.

Најголем број од јавувањата биле за медицински совет во врска со ревматски состојби, проблеми со крвниот притисок, респираторни проблеми и симптомна болка.

Од 1 ноември телефонската линија „Ало докторе“ е засилена со пет нови доктори за здравствен совет.

На телефонската линија 15123 „Ало докторе„ од 15.09.2014, односно од почетокот на функционирање на истата, примени се над 7.000 јавувања од граѓаните за медицински совет или информација за здравствена состојба.

Моментално во службата се достапни 22 доктори за граѓаните од сите градови во Македонија, а доколку е потребно, повикот го пренасочуваат на службата за итна медицинска помош 194.

Денес во кол центарот од 18 до 22 часот ќе биде дежурен д-р Илијар Исмаили од Клиниката за очни болести, а утре директорката на Геронтолошкиот завод 13 Ноември, д-р Ленче Неловска.