На Ало докторе 988 повоци за една недела

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

За една недела се примени 988 повици за медицински совет на Ало докторе.

22 Доктори се достапни за медицински совет ,а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.

На сите оние лица кои се јавија на телефонската линија АЛО ДОКТОРЕ ! им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија .

Јавувањата најчесто се со широк спектар на најразлична симптоматологија , симптомна болка, кардиоваскуларни и респираторни симптоми од променливите временски услови и совети за алергиите кои се доста присутни во овој период од годината.

Во кол центарот АЛО ДОКТОРЕ ! секој ден од 18 до 22 часот за медицински совет се дежурни и достапни Директорите на Јавните здравствени установи.

Денес од 18 до 22 часот на линијата Ало докторе ! за медицински совет ќе биде достапна Директорката на Клиника за ендокринологија Проф. Др. Славица Шубеска-Страткова ,а утре 28.04.2015 година Др .Реџеп Селмани Директор на Ургентниот Центар . На 06.05.2015 год. во кол центарот Ало докторе! Др. Аспазија Софијанова од Клиниката за детски болести , на 07.05.2015 г. Доц. Др. Сашко Кедев од Институтот за кардиологија и во петок на 08.05.2015г. Проф. Др. Александар Шиколе Директор на Клиниката за нефрологија.

Во сабота 09.05.2015 год. на 02/15123 од 18 ч до 22 часот Проф. Др. Лидија Чевревска Директор на Клиниката за хематологија и на 10.05.2015 год. Проф. Др. Звонко Миленковиќ од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.