На „Ало докторе“ досега 145.832 јавувања

Линијата 02/15123 е достапна секој ден, 24 часа, со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето. Во изминатите седум  дена имало 1.196 јавувања.

На повиците одговараат 25 доктори, а јавувањата се најчесто за совети поврзани со  променливото време, хронични заболувања, респираторни, кардиоваскуларни симптоми, главоболки, покачена телесна температура, сезонски настинки и симптомна болка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.