понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 0

На „Ало докторе“ изминатата недела 1.316 повици

alo-doktore-640x368

Поврзани вести

На телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“ изминатата недела (од 1 август до 7 август) имало 1.316 повици.

Од 15 септември 2014 година кога почна да работи телефонската линија, досега, имало 106.746 повици.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

Дваесет и пет доктори се достапни за медицински совет. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата се со широк спектар на најразлична симптоматологија, кардиоваскуларни, респираторни симптоми, главоболки, алергиски реакции и симптомна болка.

На сите оние лица кои побарале медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.

Најчитани вести