среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 6

На „Ало докторе“ минатата недела 1.389 повици

alo-doktore-640x368

Поврзани вести

Покачен крвен притисок, главоболки, настинки, алергиски реакции, симптомна болка и покачена телесна температура се најчестите симптоми на кои се пожалиле пациентите кои минатата недела побарале лекарски совет на телефонската линија „Ало докторе!“.

Минатата недела се реализирани вкупно 1.389 повици и на сите кои се јавиле да побараат медицински совет им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето. Медицински совет даваат 25 доктори, а повиците се од сите градови во државата.

Од кога е започната да работи телефонската линија за медицински совет имало вкупно 87.753 повици.

Најчитани вести