На Ало докторе! најмногу повици за респираторни симптоми и настинки

докторе!

На 02/15 123 во изминатата недела се јавиле 1343 граѓани за совет. Повиците биле од граѓани од сите градови на Македонија и на сите им била дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.

Од 15 септември 2014, кога беше воведена советодавната телефонска линија, на Ало докторе! имало вкупно 122.755 повици. Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација, а  за медицински совет се достапни 25 доктори.