Македонија

На „Ало докторе“ регистрирани 1.290 јавувања за една недела

На „Ало докторе“ регистрирани 1.290 јавувања за една недела

На телефонската линија за медицински совет 02/15123 „Ало докторе“ во изминатите седум дена се регистрирани 1.290 јавувања. Од средината на септември од кога е во функција линијата досега имало 26.740 повици за медицински совет, соопшти денеска Здравствен дом Скопје.

На „Ало докторе“ 20 доктори се достапни за медицински совет, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија. На сите кои се јавиле на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.Јавувањата најчесто се со широк спектар на најразлична симптоматологија, кардиоваскуларни, респираторни симптоми, кашлица, настинки, покачена телесна температура, стомачен вирус и симптомна болка.

Во кол центарот „Ало докторе“ секој ден од 18 до 22 часот за медицински совет се дежурни и достапни директорите на јавните здравствени установи. Денеска од 18 до 22 часот на линијата за јавувања ќе биде дежурен др. Мендух Јегени од Специјалната болница за гинекологија и акушерство Чаир, а утре др.Живка Јордановска од Заводот за рехабилитација на слух говор и глас. Задутре во кол центарот ќе дежура др. Оливер Зафировски, директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата. Во четврток ќе дежура Идриз Неџипи од Психијатриска болница Скопје, а во петок др.Оливера Давчева од ЈЗО Здравствена станица Железара-Скопје. Во сабота на 02/15123 од 18 часот до 22 часот ќе биде достапен проф.др.Небојша Пешиќ, директор на Клиниката за дерматовенерологија, а во недела др.Славчо Стојменски од Клиниката за трауматологија.