На „Ало докторе!“ во изминатата недела помош побарале 1202 лица

Од 15.09.2014 година кога почна да работи телефонската линија 02/15 123 за медицински совет Ало докторе!, досега се евидентирани вкупно 94.041 повик. Повиците се од граѓани од сите градови во Македонија.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето. За медицисни совет се достапни вкупно 25 доктори.

Јавувањата  се  за широк спектар најразлична симптоматологија, најчесто за покачен крвен притисок, главоболки, настинки, алергиски реакции, симптомна болка и совети поврзани со хронични белодробни заболувања и променливото време.

На сите кои  побарале  медицински совет  на телефонската линија  Ало докторе! им е дадена  здравствена  помош со совет и соодветна симптоматска терапија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.