На „Ало докторе“ во Здравствен дом се јавиле 738 пациенти

На телефонскиот број 15123 „Ало докторе“ од 15 септември до 18 имало вкупно 738 повици. Во текот на јавувањата сите граѓани добиле соодветна здравствена услуга преку здравствен совети, а на оние граѓани на кои им било потребно им била дадена и соодветна симптоматска терапија.

На дваесетина повици од цела Македонија, најчесто од Скопје, докторите специјалисти оцениле дека повикот треба да го пренасочат кон службата за Итна медицинска помош.Најголем број од повиците биле поврзани со респираторна, кардиоваскуларна етиологија и симптомна болка.

Во текот на овие денови во периодот од 18 до 22 часот на телефонската линија „Ало докторе“ во кол центарот на Итна медицинска помош биле дежурни и директорите на Клиниката Гастроентерохепатологија др. Ненад Јоксимовиќ, др. Соња Тасевска-Васиќ директор на Здравствен дом-Железничар и др. Јасмина Чабуковска, директор на Клиниката за хируршки болести Св. Наум Охридски.

Во наредните два дена, на 19.09 на дежурство од 18-22 часот ќе биде др. Билјана Илиевска-Поповска, директорка на Институтот за ТБЦ, а на 20.09 др. Тања Спировска,директор на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ).