На „Ало Докторе“ за една недела 1.218 повици

Во текот на изминатата недела, од 27 јуни до 3 јули, на телефонската линија „Ало докторе!“ имало 1.218 повици за медицински совет.

Како што информира ЈЗУ Здравствен дом Скопје, од 15 септември 2014 кога почна да работи, на телефонската линија „Ако докторе!“ (02/15 123) имало  вкупно 100.952 повици.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

Достапни за медицински совет се 25 доктори. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија. Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за покачен крвен притисок, главоболки, настинки, алергиски реакции и симптомна болка. На сите лица кои побараа медицински совет на телефонската линија „Ало докторе!“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија, соопшти ЈЗУ Здравствен дом Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.