На „Ало докторе“ за една недела 1.347 повици

На телефонската линија (02/15 123) за медицински совет „Ало докторе“ изминатата недела имало 1.347 повици.

Здравствен дом Скопје соопшти дека од 15 септември 2014 година кога почна да работи телефонската линија, досега, имало 96.316 повици.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

Дваесет и пет доктори се достапни за медицински совет. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за зголемен крвен притисок, главоболки, настинки, алергиски реакции и симптомна болка.

На сите оние лица кои побарале медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.