На Ало докторе! за една недела медицински совет побарале 1.380 граѓани

На телефонската линија за медицински  совет  Ало докторе! во текот на изминатата  недела  од  13.06.2016  година  до  19.06.2016  година  биле примени вкупно1.380   повици.

Досега вкупни 98.734 повици се примени од 15.09.2014 година  на 02/15 123   од   кога започна да работи телефонската линија за медицински совет  АЛО ДОКТОРЕ!

Линијата е достапна секој ден  24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

За медицински совет се достапни вкупно 25 лекари. Повиците   се  од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата  се  за широк спектар на најразлична симптоматологија , најчесто   за  покачен крвен притисок, главоболки, настинки,  алергиски реакции  и симптомна болка.

На сите оние лица кои  побарале  медицински совет   на телефонската линија  АЛО ДОКТОРЕ ! им е дадена   здравствена  помош  со  совет и соодветна симптоматска  терапија .

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.