На „Ало докторе“ за една недела совет побарале 1.243 граѓани

Изминатата недела на телефонската линија  за медицински  совет „Ало докторе“ се јавиле 1.243 граѓани. Од кога започна да работи телефонската линија 02/15 123 до сега остварени се вкупно 107.989 повици.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

За медицински совет достапни се вкупно 25 доктори, а повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата се со широк спектар на најразлична симптоматологија, кардиоваскуларни, респираторни симптоми, главоболки, алергиски реакции и симптомна болка.

На сите лица кои побарале медицински совет на телефонската линија им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска  терапија.