четврток, 17 август 2017  |  Вести денес: 47

На Антарктик пронајден совршено зачуван 106 години стар овошен колач

Се верува дека колачот припаѓал на тимот на легендарниот британски истражувач, капетанот Роберт Фалкон Скот

01-ancient-fruitcake.adapt.885.1

Поврзани вести

Новозеландски научници во оддалечена колина на Антарктик пронашле „совршено зачуван“ 106 години стар овошен колач.

Колачот кој го приготвиле британските слаткари од „Huntley and Palmers“ е пронајден замотан во оригиналната хартија и сместен во лименка, објавија научниците од Antarctic Heritage Trust од новозеландскиот град Кристчрч.

02-ancient-fruitcake.adapt.885.1

„Откритието на вака совршено зачуван и по повеќе од еден век стар колач на ова место претстуваше големо изненадување за нас“, изјавила програмерката Лизи Меек.

Нејзините колеги веруваат дека колачот, пронајден на полица во колиба во Кејп Адер, припаѓал на тимот на легендарниот британски истражувач, капетанот Роберт Фалкон Скот. Тој и неговата екипа станале првите Британци кои стасале до Јужниот пол.

На први ноември 1911 година Скот со петочелниот екипаж се упатил од Кејп Ивенс, каде што се наоѓа Скотовата колиба од експедицијата Тера Нова, на патувањето долго 2.900 километри од брегот на Антарктикот до Јужниот пол и назад.

03-ancient-fruitcake.ngsversion.1502402420630.adapt.676.1

Го минале Бирдмореовиот глечер на 20 декември и стасале до Антарктичката висорамнина, каде што го подигнале ткн Горно глечерско складиште. До Јужниот пол стасале на 17 јануари 1912 година, значи пред 105 години и така станале првата британска експедиција којашто успеала да го постигне ова.

Дрвените колиби се првите живеалишта на Антарктикот и се единствените примероци преостанати од првите луѓе кои стасале некој континент. Ги изградила во 1899 година експедицијата на Норвежанецот Карстен Боршгренвинк, а подоцна ги користеле и членовите на експедицијата на Скот.

Иако колачот изгледал дека може да се јаде, дури и мирисал на продуктите, ќе остане мистерија каков вкус има имајќи предвид дека би било неетички од конзерваторот да ги вкусуваат своите откритија, изјавила Меек за Newshub.

„Овошниот колач ќе го вратиме на полицата на којашто е пронајден, а се надевам дека ќе го видат и другите посетители кои ќе стигнат таму“, додала.

Екипа експерти од музејот Кантербери во Кристчрч го довршил четрнаесетмесечниот проект во рамките на кој биле собрани и сочувани речиси 1.500 артефакти од Кејп Адер.

Најчитани вести