среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 32

На Арктикот имало луѓе пред 45.000 години

arktik

Последни вести

Даниел Фишер, експерт во областа на истражување мамути од Универзитетот Мичиген тврди дека пронајдените остатоци од мамут укажуваат на тоа дека луѓе престојувале на Арктикот пред околу 45 илјади години.

На северниот дел на Русија, според тврдењата на Фишер, откриени се коски на мамут на кои се гледаат траги од касапење и бодежи. Како што тврдат експертите, мамутот најверојатно го мачеле луѓе што докажува дека биле присутни на Арктикот пред 45.000 години. Со тоа нивното присуство од последната теза е проширено со најмалку 5.000 години.

Покрај тоа, оштетениот врв на забите на мамутот покажуваат дека луѓето ги користеле за правење на оружје.

Коските на мамутот ги пронашол руско момче Јевгениј Солиндер во август во 2011 година околу 2000 километри јужно од Северниот пол. Тимот од научници кои го ископале мамутот под површината на мразот го нарекле „Zhenya‟, според прекарот на детето кое го пронашло.

Научниците утврдиле дека мамутовите очни шуплини, ребрата и вилицата биле оштетени, најверојатно со копје кое го направиле луѓето.

Најчитани вести