На аукција 15.000 години стар скелет на волнест мамут

Скелетот на волнест мамут чијашто старост научниците ја проценуваат на околу 15.000 години, во декември е биде понуден на наддавање во францускиот град Лион.

Целосниот костур висок е повеќе од три метра, а на наддавањето се нуди со двете три метра долги бивни (кљови) коишто тежат околу 160 килограи, изјави Ерик Мекелер, член на Европската комора на експертите и советник за убави уметности.

Потенцијалните купувачи на скелетот, чијашто вредност се проценува на 450.000 до 490.000 евра, би можело да бидат претставниците на природонаучните музеи, фондации или приватни колекционери и компании.

Аукционерот Клод Ажуте потсетува дека скелетот на мамутот кој во 2006 година беше продаден за 150.000 евра е изложен во еден вински подрум во јужниот француски регион Гард.