На аукција пронајдените чоколади на војник од Првата светска војна

Девет мали чоколади стари 103 години се откриени во кутија којашто му припаѓала на воен херој од Првата светска војна и заедно со деугети негови лични предмети ќе бидат понуден на наддавање.

Чоколадата се најдени во колекцијата од личните работи на војникот Ручард Балимор од бригадата Лечестшир. На војниците на францускиот фронт на првиот воен католички Божик во Големата војна им биле делени метални кутии со чоколади произведени во Мејнсфилд. Само едно чоколатце недостига во кутијата којашто се продава на аукција на антиквитети.

„И самата кутија претставува вистинска реткост, а чоколадите во неа… тоа е неверојатно. Ричард добил и пакет од принцезата Мери кој содржи цигари, тутун и кибритчиња. Сето тоа сѐ уште е тука, испушена е само една цигара“, изјавил за BBC Пол Купер од аукциската куќа Eddisons CJM.

Целата колекција, вклучително и чоколадите, цигарите, одликувањата, писмата и другите предмети, е проценета на 2.000 фунти. Балимор добил низа одликувања, вклучително и медал за храброст која ја покажал борејќи се ви Ипр Салиен во јули 1915 година.