Македонија

На автопатот Скопје – Велес се вози по една лента

На автопатот Скопје – Велес се вози по една лента

Екипите на Македонија пат успеаја да отстранат дел од големиот одрон и да овозможат сообраќај по една лента во должина од 500 метри.

На автопатот е поставена соодветна сообраќајна сигнализација и се уште се работи на расчистувања и на втората коловозна лента.

Во периодот на одронувањето, на коловозот немало возила.