Нема простор за паника од Зика вирусот на Балканот

Вонредна состојба во Хондурас поради вирусот Зика
Вонредна состојба во Хондурас поради вирусот Зика

Светската здравствена организација утре ќе одлучи дали поради ширењето на вируот Зика треба да биде проглаена вонредна ситуација на меѓународно ниво.

Во пресрет на итно свиканиот состанок, домашните епидемиолози порачуваат дека вируот не очекува во овој дел на светот во нардниот период, како и дека за секој случај се подготвени.

Додека нема преносители го нема ниту вирусот. Европкиот центар за заразни болести внимателно го следи ширењето на вирусот, односно движењето на тигрестиот комарец. Во регионот комарците кои го пренеуваат вирусот Зика се уште ги нема, за разлика од луѓето кои патуваат од континент на континент.

-Болеста не се пренесува од човек на човек, па без комарци, нема зараза. Со оглед на тоа дека овие комарци ги нема во овој дел на Европа, можеме само во иднина да размислуваме за превентива, објанува епидемиологот Братислав Тиодоровиќ.

Она што во Европа е уште не стигнало ниту до планирање, во Централна и Јужна Америка е секојдневие. Во Мексико веќе стравуваат од дождливата сезона. Истребувањето на комарците интензивно се спроведува. Се запрашуваат сите места во кои престојуваат луѓето, пред се здравствените установи.

Светската здравствена организација проценува дека во наредната година во Латинска Америка вирусот Зика би можел да зарази три до четири милиони луѓе, како и дека таа болест би можела да се прошири и во Кина. Трудниците е со најголем ризик фактор да заболат од вирусот Зика.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.