На Балканот од Блискиот исток се вратиле 300 џихадисти

Официјалните процени на безбедносните служби на Еветопската унија и земјите од Западен Балкан покажуваат дека, од појавувањето на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава, на Блискиот исток заминале да војуваат околу илјада луѓе од овие простори.

Дел од нив загинале во борбите во Сирија и Ирак, но дел се вратиле во своите матични земји, јавува Glas Slavonije.

Се проценува дека од вкупниот број се вратиле 300 терористи, а околу 200 загинале. Остатокот се жените и децата кои борците го повеле со себе во војна.

Главниот секретар на Советот за регионална соработка – RCC, Горан Свилановиќ, на втората регионална конференција за борбата против тероризмот, рече дека главна причина за радикализацијата се економските и социјалните проблеми. Исто така, проблем е и пропагандата.

„“Тероризмот е еден од најголемите проблеми на државите и потребно е да се препознае и да се разбере за да биде победен. Потребно е рано соочување со предизвиците, потребна е активна поддршка од владите на земјите од регионот, но и финансиска поддршка од ЕУ. Претходната конференција, одржана во 2016. година во Тирана, се фокусирала на заминувањето на борците, а оваа на неутрализирање на влијанието на повратниците”, рече главниот секретар на RCC.

Истражувањето со назив „Игра на трпеливост: процена и одговор на заканата која ја претставуваат борците повратници во Западен Балкан”, покажало дека од 2012  до 2017 година околу 5.000 луѓе од земјите на ЕУ заминале во Сирија и во , а меѓу нив има околу илјада лица од Западен Балкан.

Виена и натаму е главнот место каде што се радикализираат и организираат исламистите од регионот. Безбедносните експерти велат дека посебно внимание треба да се обрати и на зајакнувањето на радикалниот исламизам во Словенија, чие седиште е во Јесенице.

Словенечката разузнавачка служба веќе неколку години ги надгледува исламските организации во земјата. Исто така, најавиле дека радикалните исламисти во иднина би можеле да претставуааат непосредна закана по националната безбедност.