На Балканот прво пекол, а потоа заладување

Во текот на оваа недела Балканот, односно Хрватска, БиХ, Србија и Македонија ги очекува топло време со температури и до 37 степени Целзиусови.

Според нашите метеоролози, до четврток ќе се задржи претежно стабилно и топло време со пораст на дневните температури. Во попладневните часови ќе има услови за краткотрајна нестабилност. Во петок попладне ќе настапи значителна промена на времето кога на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Врнежите ќе бидат пообилни преку ноќта кон сабота, особено во северните делови. В петок кон крајот на денот ќе почне да дува северен ветер кој повремено ќе се засилува и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата во наредните денови.

Додека, метеоролозите во Хрватска, БиХ и Србија врнежи и грмотевици најавуваат од среда попладне.

Во Хрватска се најавува дека ќе следи значителен пад на температурите, а во петок во Загреб се очекува дека истата ќе изнесува само 17 степени Целзиусови.