На Бангкок му се заканува тонење

На Бангкок му се заканува тонење
На Бангкок му се заканува тонење

Ако не се преземат мерки на Бангкок му се заканува тонење и по најмногу 15 години делови од главниот град на Тајван и околината ќе бидат сериозно загрозени.

Причина за можното тонење на Бангкок се околу 700 згради со повеќе од 20 и над 4.000 згради што имаат до 20 ката. Од нивната тежина налегнува земјиштето кое и сега е најчесто само на два до три метри над морското ниво.

За можните последици и за мерките за запирање на тонењето на Бангкок расправаше Националниот совет за реформи, кој побара владата да формира експертска група која ќе работи на решавање на проблемот. Едно од можните решенија за спречување на тонењето е изградба на систем на брани, сличен на холандскиот. Ваквиот потег за спас на Бангкок би чинел над 160 милијарди долари.