На бања догодина ќе заминат 5.500 пензионери

Заклучно со оваа година петта година по Владата го реализира проектот за бесплатна бањско-климатска  рекреација на пензионерите.

– До сега 27.430 пензионери го имаат искористено правото на бесплатна бањско-климатска рекреација, само оваа година аплицираа над 20.000 пензионери коишто изразија интерес, меѓутоа оваа услуга имаат право да ја искористат 5.500. И за наредната година е планирано 5.500 пензионери да заминат на беплатна бања, а предност имаат тие што не биле, рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, на денешната отворена владина седница.

Оваа услуга опфаќа 6 полни пансиони, бесплатен превоз, бесплатна бањска терапија и бесплатен здравствен преглед.

За следната 2015 година, како што нагласи Спасов, приоритет ќе бидат рударите коишто се пензионирани, а коишто работеле на подземен ископ, со оглед на тоа што на нив најмногу им е потребна бањско-климатска рекреација.

– Предвидуваме во бодувањето до 50 бода да се добива врз основа на висината на пензијата, до 30 бода во зависност од времетраењето на користењето на пензијата и должината на пензискиот стаж , 10 бода за корисниците на пензија коишто биле рудари и 10 бода за корисниците на пензија коишто имаат инвалидностс над 80 отсто, појасни Спасов.

Повикот ќе се објави на 15.ануари и ќе трае во продолжение од еден месец, односно до 14.февруари, а ќе има и конкретен оглас и информација преку медиумите. Рангирањето ќе го врши меѓуресорска комисија составена од повеќе институции од МТСП, Министерство за финансии и до ПИОМ.

За реализација на овој проект се обезбедени 35 милиони денари плус три милиони денари за превоз

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.