На барање на играчите, нова серија на детелинка од утре во продажба

Државна лотарија на Македонија постојано го следи интересот и желбите на играчите на игрите на среќа во земјава. И овојпат, донесовме вистинска одлука, излегуваме во пресрет на барањата и желбите на нашите играчи.

Детелинката со четири листа секогаш не асоцира на среќа. Сега повторно имате можност да ја пронајдете својата среќна детелинка и да уживате во вашата омилена игра на среќа.

Од утре, четврток 16.10.14 на сите продажни места низ Република Македонија кои ја имаат ознаката Среќно место, ќе може да се пронајде новата серија на Инстант лозот Детелинка на барање на играчите.Под мотото НАЈДИ ЈА СВОЈАТА СРЕЌНА ДЕТЕЛИНКА, повторно за истата цена, 30 денари, на играчите, им нудиме многу забава, но и бројни можности за парични добивки од 30 до 500.000 денари. За повеќе забава, вклучени се помали добивки, кои го прават секој трет лоз добитен. Трите идентични суми и овојпат ќе бидат вашата лозинка за добивка во оваа забава игра на среќа.

Само за потсетување лозот Детелинка беше лансиран во декември 2012, а во својата добитна комбинација вклучи само парични добивки од кои: 5 добивки по 500.000 денари, десет добивки по 100.000 денари , сто добивки од по 10.000 денари и други бројни добивки од 30 до 1000 денари. Лозот е посебно атрактивен заради податокот што нуди вкупна вредност од 19.500.000 денари, а секој трет криеше добивка. Трите идентични суми во детелинката се вашата лозинка за добивка во оваа игра на среќа. Инстант лозот ДЕТЕЛИНКА е единствена можност како за 30 денари да се добијат до 500.000 денари.