Балкан

На БиХ и се заканува гасна криза

На БиХ и се заканува гасна криза

Руски Гаспром одлучи да ја намали доставата на гас за Босна и Херцеговина за 35 проценти, со што се заканува да предизвика гасна криза во земјата, објави весникот „Дневни аваз“.

Со намалената достава, државната компанија „БХ гас“ располага само со 600.000 кубни метри гас дневно, додека само за снабдувањето на Сараево потребни се околу 500.000 кубни метри гас. По првото поголемо заладување, останува прашањето како ќе се загреат становите во Зеница, Високо и Илијас, каде термоцентралите работат на гас.

По објавувањето на веста за намалување на доставата на гас, нагло се зголеми побарувачката на електрични грејни тела, радијатори, калорифери и камини, пренесува весникот.